Тренерот на македонскиот второигаш Башкими со уште двајца фудбалери преживеа тешка сообраќајна несреќа на пат кон тренинг.
Како што информираа од клубот возилот ово кое се возеле Јанакиевски, Мемет Ризахазма и Боријан Пановски излетаол од патот.
За среќа ниту еден од тројцата не се здобил со посериозни повреди.
„На пат кон редовниот тренинг, тренерот на првиот тим Баже Јанакиевски, како и нашите фудбалери Мемет Ризахамза и Боријан Пановски на влезот во Куманово имаа сообраќајна несреќа, која за нивна среќа поминаа без тешки повреди. Нешто посериозни повреди има тренерот Јанакиевски.
На нашите членови им посакуваме брзо заздравување и му благодариме на семоќниот Бог што оваа несреќа не доведе до фатални последици“, објави Башкими.