73
Фудбалерите на Лацио славеа победа на гости кај Твенте со 2:0, но овој натпревар привлече внимание и поради расистичко однесување од трибините.
Навивачите на Твенте расистички го навредуваат Лаум Чауна од редовите на Лацио кон кого испуштаа мајмунски крици.
По натпреварот на оваа тема зборуваше и тренерот на Лацио, Марко Барони.
„За жал, можам да потврдам дека имаше навреди кон Чауна. Тоа е тема за која сега не сакам да зборувам. Го повлекв од игра затоа што емотивно не беше во состојба да продолжи“, изјави тренерот Марко Барони.