Тренерот на Елмас останува на клупата, потпиша нов договор со Лајпциг

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас и во следните две години ќе има ист тренер на клупата на РБ Лајпциг.

Германскиот клуб му верува на Марко Розе, па му даде нов договор вреден до јуни 2026 година. Германскиот стручњак од 2022 година седи на клупата на „биковите“ од Лајпциг, досега го водеше тимот на 86 официјални натпревари. На нив запиша 53 победи, 14 нерешени и 19 порази.

Токму Розе беше еден од „заговорниците“ за доведувањето на Елмас во Бундеслигата. Иако во првата полусезона македонскиот фудбалер не добиваше претерано многу шанси и главно беше резервист, се очекува дека по периодот на аклиматизација Елмас поредовно ќе заигра за Лајпциг. Самиот Розе во неколку наврати зборуваше дека има голема верба во македонскиот играч за врска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани