Тренерот на Ал Наср доби отказ, познато кој ќе биде нов предводник на Роналдо и друштвото

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Ал Наср се раздели со тренерот Луис Кастро, а медиумите веќе најавуваат и кој ќе биде новиот стратег на Роналдо и друштвото.

Според информациите во медиумите екс-тренерот на Милан, Стефано Пиоли може да го преземе тимот кој има големи амбиции во Саудиска Арабија, но веќе повеќе од две години е без трофеј.

Резултатите од почетокот на сезоната не се во согласност со очекувањата на раководството, па и затоа брзо дојде до тренерска смена.

Информациите на медиумите се дека преговорите помеѓу Пиоли и Ал Наср завршиле успешно и тој наскоро ќе биде официјално претставен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани