118
Италијанскиот стратег Роберто Де Зерби по заминувањето од Брајтон беше еден од најбараните тренери во Европа, а на крајот изненадувачки се одлучи да го преземе француски Марсеј.
Се поврзуваше Де Зерби со клубови како Баерн Минхен, Барселона, Челси и Манчестер јунајтед.
Сега за медиумите италијанскиот тренер потврди дека имал понуда од Манчестер јунајтед, но го одбил англискиот гигант за да дојде во Марсеј.
„Го одбив Манчестер јунајтед за да дојдам тука. Ми се допадна проектот и ја избрав страста пред парите“, изјави Де Зерби.