Трајковски доби шанса од Гатузо, Хајдук со реми се враќа од Словачка

by riste
1 минути читање

Хајдук одигра 0-0 на гостувањето кај Ружомберок во квалификациите за Конференциската лига, а Александар Трајковски конечно доби минути од новиот тренер, Џенаро Гатузо.

Македонскиот фудбалер во игра влезе во 60. минута заедно со Перишиќ. На овој меч подоцна влезе и Ракитиќ, дури во 74. минута.

Пласманот во следното коло ќе се одлучува во реваншот во Сплит.

Од другите наши фудбалери кои денеска играа во Европа. Никола Серафимов одигра цел натрпевар за Фехервар кој загуби со 1-0 на гостувањето кај Омонија.

Барди остана на клупата на Трабзонспор, неговиот тим на домашен терен загуби со 1-0 од Рапид.

Илиевски даде гол за ЦСКА Софија во во победа од 2-1 над Пафос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани