Трапановски е прогласен за играч на натпреварот: Требаше да одиграм и подобро, но тоа што ми се случи е…

by riste
1 минути читање

Кристијан Трапановски дебитираше со гол во шкотската Премиерлигата, денеска беше стрелец на мечот меѓу Данди јунајтед и Данди ФК во мечот кој заврши 2-2.

Данди јунајтед двапати водеше, но не успеа да победи. Трапановски беше стрелец на првиот гол на натпреварот.

Македонецот ја доби наградата за играч на натпреварот.

„Уоу. Разочаран сум што не ги освоивме трите бода, требаше да одиграм подобро… но гол на дербито на моето деби и слушајќи ги фановите како го пеат моето име е надвор од овој свет. Ви благодарам на сите“, напиша Трапановски на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани