Холанѓанецот Џошуа Зиркзе е пред трансфер во Манчестер Јунајтед и само прашање на денови е кога се ќе биде потврдено.
Во текот на вчерашниот ден италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави и детали, но сега се појавија и дополнителни информации.
Од неговиот трансфер во Јунајтед ќе заработи и Баерн Минхен. Зиркзе во сениорскиот фудбал влезе како фудбалер на германскиот гигант, а потоа се пресели во Болоња.
При трансферот во неговиот договор клубот од Минхен вметна и клазула за 50% од сумата од следниот трансфер.
Така ако Јунајтед плати околу 40 милиони евра како што се најавува, 20 ќе завршат во касата на Баерн. Во неговиот договор Баерн имал опција и да го врати за 20 милиони евра, но во овој момент не сметале дека им е потребен.