103
Барселона вчера го победи Баерн Минхен во Лигата на шампионите со 4:1, а овој триумф на каталонскиот гигант потсетува на една интересна традиција.
Имено, каталонскиот гигант досега низ историјата двапати го победуваше Баерн во Лигата на шампионите и во двете ситуации не само што го освои трофејот во европската елита, сезоната ја завршуваше со тројна круна.
Тоа се случи во 2009 година кога славеа победа со 4:0, а потоа и во 2015 година со триумфот од 3:0.
На клупата во првиот случај беше Пеп Гвардиола, додека во вториот ги предводеше Луис Енрике.