Трагедија се случила пред големото дерби вечерва во Лигата на шампионите

by Стефан
1 минути читање

Вечерва на распоредот се првите натпревари во рамките од првото коло во лигашкиот дел од Лигата на шампионите.

Еден од натпреварите кои привлекува внимание е дербито помеѓу Милан и Ливерпул. Но, пред овој натпревар се случи и една трагедија.

Како што пренесуваат медиумите на неколку часа пред натпреварот смртно настрадал фан на Ливерпул кого го удрил автомобил во Милано. Станувало збор за човек кој има 51 година и во Милано пристигнал да го поддржи Ливерпул. За жал го загубил животот.

Во несреќата навивачот на „црвените“ се обидел да помине улица во Бергамо кога на него налетал автомобилот.

Неговиот идентитет засега не е откриен во јавноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани