Eкипата на Тотнем со пресврт славеше убедлива против Вест Хем од 4:1.
Вест Хем прв стигна до водство на гостувањето кај градскиот ривал со голот на Кудус по 18 минути игра. Домаќините до изедначување стигнаа со погодокот на Дејан Кулушевски по асистенцијата на Џејмс Медисон во 36. минута.
Со по еден гол на двете страни се замина на паузата, а победникот беше решен во осум минути во вториот период.
Од 52. до 60. минута фудбалерите на Тотнем постигнаа три гола за убедлив триумф. Прво Бисума стрелаше, па потоа во 52. минута Тодибо си постигна автогол, за на истекот од еден час игра Сон да се запише во листата на стрелци. Само една минута подоцна Сон можеше да постигне и втор гол, но ја погоди само стативата.
Во 86. минута по една турканица и реакција на ВАР исклучување заработи стрелецот на голот за Вест Хем, Кудус.
Со овие три бода Тотнем дојде до 13 бода со кои се наоѓа на шестата позиција, меѓутоа дали ќе остане тука зависи од резултатитен а Брајтон, Њукасл и Фулам кои се уште не ги одиграле своите натпревари од осмото коло.