146
Фудбалскјиот клуб Торино ќе го засили нападот со искусниот Че Адамс.
28-годишниот репрезентативец на Шкотска остана слободен играч по истекот на договорот со Саутемптон, а кариерата ќе ја продолжи на „чизмата“. Со Торино Шкотланѓанецот стави потпис на тригодишен договор и ќе се проба во калчото.
Инаку, Че Адамс во претходните пет сезони настапуваше во Саутемптон, а три од нив беше дел од Премиерлигата. Претходно Адамс настапуваше за Оудби Таун, Илкестон, Шефилд Јунајтед и Бирмингем.