187
Кристијано Роналдо очигледно брзо ги заборави солзите по натпреварот против Ал Хилал во Купот на Саудиска Арабија и сега се опушта на егзотична дестинација, но и ги „полни батериите“ за Европското првенство.
По завршената сезона во која не успеа да освои клупски трофеј со Ал Наср, Роналдо го чекаат обврските кон Португалија на Европското првенство во Германија.
Пред неколку дена Роналдо беше во центарот на вниманието со реакцијата по поразот на пенали од Ал Хилал, меѓутоа сега тој пораз е минато.
Европското првенство стартува на 14-ти јуни, па Роналдо ќе нема премногу време за одмор.
Recharging ☀️ pic.twitter.com/AgzEUgPDrL
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) June 3, 2024