121
Македонскиот фудбалер, Андреј Тодороски има одличен почеток на сезоната во дресот на Спартак Суботица.
Тодороски за викендот постигна два гола во натпреварот со ИМТ со кои донесе победа за својот тим, а овие два гола беа доволни да биде избран и за најдобар во колото.
Сезонава Спартак освои осум бода во српското првенство, а седум од нив се по директна заслуга со голови или асистенции на Тодороски.
За Тодоорски оваа сезона во српската Суперлига е четврта и според почетокот би можела да биде најдобра.