Тијаго Мота: Чаби Алонсо имаше свои причини, јас…

by bojan
1 минути читање
Тијаго Мота

Тренерот на Болоња, Тијаго Мота не сака да ја споредува сопствената ситуација со онаа на Чаби Алонсо, и порача дека наскоро ќе седне на маса со раководството на „рособлу“ и ќе донесе одлука за својата иднина.

Николку гиганти ширум Европа го имаат името на Тијаго Мота во своите бележници, младиот стратег има одлична сезона на кормилото на Болоња, по повеќе од 20 години популарните „рособлу“ ќе играат во Европа, а имаат добри шанси и за настап во Лигата на шампиони.

Неговиот договор е со важност до 30. јуни, па по ремито против Торино, новинарите го запрашаа дали може да ги следи стапките на Чаби Алонсо, кој реши да остане во Баер Леверкузен откако ги предводеше „фармацевтите“ до историски успех и прва титула во Бундеслигата.

„Чаби Алонсо донесе одлука каква што донесе, си има свои причини. Морам да признаам дека постигнавме нешто неочекувано и незамисливо. Сакаме во целост да ја зграпчиме шансата, да се пласираме во Лигата на шампиони. Тоа ми е примарната грижа, мојата иднина, или иднината на одредени фудбалери не е важна во овој момент“ – вели Бразилецот со италијански пасош.

„Ќе дојде правиот момент кога ќе седнеме и ќе видиме дали има услови за да продолжиме или пак ќе треба да се разделиме, но без разлика каква ќе биде одлуката, на ум ќе го имам она што е најдобро за клубот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани