203
Младиот фудбалер на Барселона, Марк Бернал во вчерашниот натпревар против Рајо Ваљекано се здобил со веројатно најтешката повреда за еден фудбалер.
Бернал ги повредил предните вкрстени лигаменти на коленото, а настрадал и менискусот. Ваквата повреда значи дека го чека пауза од една година.
Сезоната за него е завршена и Барселона може да го очекува дури на почетокот на наредната. Летово Бернал почна да добива шанса кај Ханси Флик и играше сосема солидно, но сега ќе мора да паузира.
Во Барселона идентична повреда минатата година заработи Гави.