205
Македонскиот првак Струга Трим Љум во квалификациите за Лигата на шампионите налета на силниот Слован Братислава.
Два часа подоцна се одржа и ждрепката за Конференциската лига на УЕФА од која дел беа Шкендија и Тиквеш.
Тетовчани како носител добија релативно полесна задача. Шкендија ќе одигра двомеч против ерменски Ноах, а ќе ја има и предноста на домашен терен за возвратниот натпревар.
Од друга страна, Тиквеш ќе се судри со противник од Исланд. Станува збор за Бреидаблик, екипа која прво ќе гостува на кавадарчани, а потоа ќе игра дома.
Првите натпревари се закажани за 11 јули, додека реванш дуелите се седум дена подоцна.