Струга Трим Љум го отвори европското лето на македонските клубови со пораз од 4-2 на гостувањето кај Слован Братислава во Лигата на шампионите.
Денеска на програмата се два натпревари од квалификациите за Конференциската лига, а своето европско лето ќе го започнат Шкендија и Тиквеш.
Во пладневниот термин од 18:00 часот екипата на Шкендија ѝ гостува на екипата на Ноа во Ерменија. Станува збор за дебитант во европските натпреварувања, кој ќе се обиде да ѝ наштети на поискусната тетовска екипа. Шкендија има за што да игра, минатата сезона беше срамно елиминирана во првото коло, па сега треба да се оддолжува. На ова гостување тетовчани одат како благ фаворит, а иако во претходните денови имаа проблеми со повреди и вирус се очекува тимот на Шкендија да биде комплетен.
Свое деби во Европа ќе има Тиквеш од Кавадарци. Со освојувањето на Купот на Македонија, оваа екипа си избори излезе во првото претколо на Конференциската лига. Среќата посака ривал од Исланд, а историскиот меч кавадарчани го играат во Скопје на арената „Тодор Проески“. Бреидаблик е пречка за тимот на Ѓорѓи Мојсов за продолжување на европското лето. Тиквеш со прилично реновиран и засилен тим, со девет нови фудбалери влегува во оваа сезона, па останува да се види колку може. Овој меч се игра во 20:30, откако поради топлото време беше поместен од првичниот термин во 18:00.
Реванш натпреварите ќе се одиграат за седум дена во Исланд и Скопје.