436
Тиквеш и Шкендија ќе бидат дел од квалификациите за Конференциската лига, македонските преставници ги дознаа можните противници за првото коло.
Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Тиквеш поради клупскиот коефициент е сместен во шеширот на неносители и за противник може да добие екипи како Жалгирис, Будуќност, Динамо Тбилиси, Сараево…
Шкендија се наоѓа во групата на носители и ќе бидат фаворити во првото квалификациско коло.
Ждрепката треба да се одржи на 18 или 19 јуни, а првите натпревари се играат на 11. јули, реваншите се седум дена подоцна.