284
Фудбалскиот клуб Тиквеш објави четири нови засилувања за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига, но и за европскиот предизвик во квалификациите за Конференциската лига.
Кавадарчани промовираа четири нови имиња со кои ги стартуваа подготовките за новата сезона. Меѓу стативите дојде Стефан Тасев од Вардар Неготино, дефанзивата ќе биде посилна за Михаил Маневски од Брегалница, а од истиот клуб пристигна и Ѓорѓи Ѓорѓиев. Последното ново име е Давид Манасиевски од Силекс.
Тиквеш се припрема за настап во првото квалификациско коло на Конференциската лига. Македонските клубови на 18 јуни ќе ги дознаат ривалите за стартот на европскиот предизвик.