Тиквеш го почувствува теренот каде што ќе нападне историја на Исланд (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Тиквеш се подготвуваат за натпреварот против Брејдаблик во првото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА.

Кавадарчани доцна синоќа пристигнаа на Исланд, а денес го имаа официјалниот тренинг на стадионот „Копавогсволур“. Ѓорѓи Мојсов ги подели последните совети, а играчите на Тиквеш го почувствуваа тревникот на теренот каде што ќе нападнат историски пласман во следната рунда.

Во првиот меч Брејдаблик во Скопје водеше со 0-2, меѓутоа Тиквеш со херојски пресврт успеа да победи и со гол предност отпатува на Исланд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани