Тешко прво полувреме за Хрватска, Шпанија води со 3-0! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Дебакл на Хрватска по првото полувреме на мечот со Шпанија, коцкестите губат со три разлика.

Серијата погодоци ја отвори Мората уште во 29. минута, а само три минути подоцна Руиз направи одличен потег, ја измести одбраната на Хрватска и погоди за 2-0.

Во судиското продолжение од првиот дел, Карвахал по асистенција на Јамал погоди со глава за 3-0.

Хрватска имаше неколку шанси да постигне гол, но не успеа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани