Манчестер Јунајтед во рамките на третата рунда во Лигата на Европа му гостуваат на Фенербахче во Истанбул.
Пред патувањето во Турција тренерот на англискиот тим Ерик Тен Хаг зборуваше со суперлативи за Жозе Мурињо. Тој го пофали португалскиот тренер и го нарече голем победник и пример за сите.
„Ова е важен натпревар за двете екипи. Уживам во соочувањата со Мурињо и да играм против неговите екипи. Секогаш има добри тимови, тој е голем победник и има освоено многу трофеи. Пример е за многу менаџери.
Духот во екипата секогаш бил висок, но расположението е подобрено по победата викендов. Сите тимови имаат високи очекувања, така што мора да победуваме. Секој меч мора да покажеме одлучност. Кога ќе се победи уживаме 24 часа и потоа одиме понатаму. Тоа е фудбалот, за тоа се живее. Минатото е минато, мора да се докажувате секој ден. Одиме во тој стил, нашата цел е да го освоиме трофејот“, изјави Тен Хаг.
Натпреварот меѓу Фенербахче и Манчестер Јунајтед се игра во четврток во 21:00.