Тен Хаг ја прокоментира играта на Санчо против ПСЖ: Тој покажа зошто Јунајтед го купи!

by riste
1 минути читање

Ерик Тен Хаг е причината поради која Санчо се врати во Борусија Дортмунд, англискиот фудбалер синоќа одигра маестрална партија против ПСЖ, па доби пофалби и од тренерот на Јунајтед.

„Џејдон одигра многу добро, тој покажа зошто Манчестер јунајтед го купи и покажа дека претставува високи вредности на клубот, што е добро“, рече Тен Хаг.

„Среќен сум за Џејдон, за неговите перформанси вчера и ќе видиме што ќе се случи во иднина“.

Тен Хаг бара Санчо да му се извини откако фудбалерот јавно го посочи на социјалните мрежи, Џејдон не го направи тоа, па беше пуштен на позајмица во Борусија Дортмунд каде си ја врати одличната форма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани