Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед минува тешки години, а тоа е период кој се влече повеќе од една деценија. Имаше клубот одредени блесоци, меѓутоа е далеку од старите времиња во кои константно се бореше за сите можни трофеи.
Критики до водењето на екипата на Ерик Тен Хаг имаше легендарниот Кристијано Роналдо. Тој кажа дека како тренер не смеете да кажете дека нема да се борите за трофеите. Напротив, според Португалецот тренерот мора да каже дека Јунајтед како тим ќе се обиде да се бори за освојување на титули.
Сега, Ерик Тен Хаг имаше одговор за португалската ѕвезда со која не беше во најдобри односи во клубот.
„Тој е многу далеку од Манчестер, има свое размислување и тоа е во ред. Кристијано кажа дека Манчестер Јунајтед не може да ја освои Премиер лигата, ако подобро го прочитате текстот. Сега Роналдо е далеку, во Саудиска Арабија, далеку далеку од Манчестер. Сите смеат да имаат свое размислување, тоа е нормално“, изјави Тен Хаг.
На стартот на новата сезона Манчестер Јунајтед има два порази и еден триумф, а црвените аларми ги запали немоќта на тимот во дербито со Ливерпул и тоа на „Олд Трафорд“.