Тен Хаг објасни зошто Санчо не беше во составот против Фулам и покрај тоа што двајцата се смирија

by riste
1 минути читање

Пред почетокот на подготовките Ерик тен Хаг и Џејдон Санчо си подадоа рака и англискиот фудбалер беше вратен во првиот тим, но изненадувачки вчера не беше ниту на клупата за резерви.

По натпреварот Тен Хаг беше прашан зошто Санчо не беше во составот, а тој кажа повеќе изговори.

„Џејдон неделава имаше инфекција на увото и не беше 100 проценти фит“, вели Тен Хаг.

„Тој можеше да игра, но ние правиме избор. Тоа може да се промени“.

„Има одлуки и најподготвените преживуваат. Можам да ставам само 20 фудбалери во составот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани