Ерик тен Хаг е уверен дека ќе ги сврти работите и Манчестер јунајтед ќе има успешна сезона иако резултатите засега се очајни.
Се зголемува притисокот кон Ерик тен Хаг, голем дел од фановите бараат отказ, а стручњаците имаат негативни критики за него. Но, тој продолжува да биде оптимист.
„Ќе имаме успешна сезона. Ништо не е лесно, не не сум во паника. Ќе ги решиме проблемите, овој тим може да излезе од ова“, вели Тен Хаг.
„Не размислувам за отказ, не сум анкциозен. Креиравме заедништво ова лето со сопствениците и директорите, постигнавме заедничка согласност и сите стоиме зад тоа. Знаеме дека ова е транзиционен период“.
„Во сите мои последни шест сезони секогаш сум освојувал трофеи и целиме кон тоа и оваа“.
„Ако ја загубите вербата, сте загубиле се. Мора да продолжиме понатаму и да се држиме до планот“.