Тен Хаг конечно самокритичен: Морам да се погледнам во огледало…

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед киксна на стартот на Лигата на Европа и одигра нерешени 1-1 против Твенте. Иако водеа „ѓаволите“ дозволија ривалот да се врати до егал.

По натпреварот Ерик тен Хаг зборуваше за одиграното, а веројатно првпат беше и самокритичен кон својата работа. Холанѓанецот кажа дека мора да се погледне во огледало…

Не смееме да дозволиме ривалите да израмнуваат како што тоа се случи овојпат. Нивниот десен бек дрибла низ цела средина без никој да го запре. Мора да ги „убиваме“ натпреварите.

Во многу натпревари видов дека многу се трудиме, но денес морам да критикувам. Сепак, тоа не оди само кон тимот. Морам и сам себе да се погледнам во огледало, бидејќи и јас сум дел од ова“, изјави Тен Хаг.

Од доаѓањето на клупата на Јунајтед, Тен Хаг потроши 650 милиони евра, меѓутоа и натаму е далеку од битка за трофеите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани