338
Чудно е на Олд Трафорд и покрај негативните рекорди кои ги урна, Ерик тен Хаг е во позиција да преговара за нов договор кој наскоро ќе биде потпишан.
Тен Хаг ќе го води Манчестер јунајтед и во наредната сезона, а наскоро ќе стави потпис и на нов двегодишен договор.
Според дел од англиските медиуми, холандскиот стратег имал три барања во преговорите за останување.
- Не сака да му биде диктирано или сугерирано од Џејсон Вилкокс како тимот треба да игра. Вилкокс е техничкиот директор на Манчестер јунајтед, кој има и тренерска лиценца.
- Нема да го врати Џејдон Санчо во првиот тимот додека тој не му се извини
- На неговиот помошник, Бени Мекарти да му биде даден нов договор