Одново Ерик Тен Хаг имаше свој експеримент на гостувањето на Манчестер Јунајтед кај Фенербахче (1-1) во Лигата на Европа.
На позицијата полушпиц изненадувачки се најде бекот Нусаир Мазрауи. Мароканецот заигра зад Хојлунд, иако можеби имаше подобри опции за оваа позиција, а навивачите беа збунети. За својот експеримент Тен Хаг даде хит-објаснување, велејќи дека го знае Мазрауи уште од Ајакс, а јавна тајна е колку тој ги цени фудбалерите кои ги тренирал во овој клуб…
„Го ставив Мазрауи на позиција десетка. Го знам од Ајакс, понекогаш играше на тоа место во Холандија. И како бек во нашиот систем тој често игра во полупросторот, способен е за таа задача. Добар е што се однесува до рпесинг, потоа во текот на мечот гледаме што е потребно. Може да игра и на други позиции во офанзивата ако е потребно, во состојба е да биде добар на двете страни од теренот“, објасни Тен Хаг.
Манчестер Јунајтед во Истанбул поведе со голот на Кристијан Ериксен во првиот дел, но бод за Фенербахче донесе Ен Несири.