Тежок удар за Лестер? На „Лисиците“ им се заканува најголемата казна во историјата на Премиер лигата!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Лестер во новата сезона одново ќе биде дел од Премиер лигата откако оваа сезона го освои Чемпионшипот. Меѓутоа како ќе стартуваат во најсилната англиска конкуренција е голем знак прашалник.

Тренерот Енцо Мареска според последните најави треба да биде промовиран во Челси, сепак тоа нема да биде и единствениот проблем.

Англиските медиуми откриваат дека Лестер може да се соочи со одземање на бодови и тоа од шест до 15.

Ако најавите за максимална казна се остварат тоа би била рекордна казна во англиската Премиер лигата. Досега најмногу со девет одземени бода беше казнет Портсмунт во сезоната 2009/2010 кога испадна од елитното друштво. Евертон во изминатата доби десет бода казна, но подоцна шест им беа вратени.

Казната за Лестер би била поради прекршување на финансискиот фер-плеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани