Селекторот на Белгија, Доменико Тедеско е разочаран од поразот од Словачка, вели дека неговите фудбалери потфрлиле во реализацијата и тоа е причината за конечниот резултат.
Денеска се случи првото големо изненадување на Европското првенство, Белгија загуби од Словачка со 1-0. Белгијците создадоа многу шанси за гол, двапати погодија, но двата гола им ги поништи ВАР.
„Знаев дека ќе загубиме меч, за жал тоа е денеска. Немам што многу да му кажам на тимот да за да се подобри, создадовме многу шанси и требаше да дадеме гол, ќе беше полесен натпреварот“, вели Тедеско.
„Единственото нешто што не го направивме добро е што промашувавме шанси. Имавме многу. Тоа е дел од натпреварот. Се разбира дека фудбалерите се разочарани“.
„Во подготвителните денови бевме прецизни. Денеска требаше да дадеме гол, потоа ќе немавме никаков проблем“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.