204
И агентот на Кварацхелија, Мамука Џугели и неговиот татко јавно кажаа дека сакаат фудбалерот да го напушти Наполи.
„Сакаме тој да замине, но ќе почекаме да заврши Европското првенство. Не сум зборувал со Квича за овој проблем, фокусот е на Европското… но сакаме клуб кој игра во Лигата на шампионите“, вели агентот Џугели.
Исто размислува и таткото на Кварацхелија.
„Не сакам Квича да остане во Наполи. Тој работеше со четири различни тренери за една година, тоа многу ме загрижува. На крајот тој ќе одлучи за себе, но не ми е сеедно“.
„Не сум зборувал со Квича за ова и нема да зборувам со него до крајот на Европското“.
Интерес за Кварацхелија има од ПСЖ, а сличната изјава на агентот и таткото се чини дека не е случајна.