Легендата на Италија, Тото Скилачи почина денеска на 59-годишна возраст откако пред неколку дена беше пренесен во болница поради влошување на неговата состојба.
Славниот напаѓач подолг период се бореше со тешка болест и за жал на крајот не успеа да излезе како победник од за него најважната битка.
Во светот на фудбалот најмногу запаметен ќе остане по неговите настапи на Мундијалот во 1990 година кога заврши како најдобар стрелец на турнирот. Во клупската кариера беше дел од: Месина, Јувентус, Интер, а се пензионираше во Јапонија.
Низ кариерата постигна повеќе од 200 гола и двапати го освојуваше Купот на УЕФА, по еднаш со Јувентус и Интер.
Tragic news. Toto Schillaci has passed way age 59.
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) September 18, 2024
Heartbreaking. An icon. Sending his family much love at this difficult time.
RIP idolo. pic.twitter.com/abjOX0H3en