Фудбалерите на Србија со вчерашното реми против Данска го завршија настапот на Европското првенство. Англија победи во групата пред Данска и Словенија, а сите три репрезентации поминаа во следната фаза, Србија беше единствената која испадна.
Капитенот на Србија Душан Тадиќ тешко ја прифати елиминацијата, но и третманот кој го имаше кај селекторот Драган Стојковиќ-Пикси. Против Англија одигра само 29 минути, против Словенија беше заменет во 82. Минута, а во одлучувачкиот натпревар настапи во второто полувреме.
„Против Англија не започнав од почетокот. Ми беше криво, но не сум јас важен. На полувремето ми се кажува, влегувате ти и Илиќ. Давам полн гас и тогаш кога требаше да влезам, ми се кажува, „одмори ќе влезе само Илиќ“. Не знам природно е да се почувствувам повреден. Не сакав никого да навредам, но сакав да преземам одговорност на себе и да дадам некој пример“.
Верува Тадиќ и дека ако повеќе бил на теренот и резултатите ќе биле подобри. Србија групата ја заврши со два бода. Прво беа поразени од Англија со 0:1, одиграа 1:1 со Словенија и 0:0 против Данска.
„Навистина е тешко. Мислам дека заслужив подобар третман бидејќи ќе можев повеќе да дадам на тимот. Не сум јас важен во оваа приказна, важно е тоа што го носиш на теренот. Јас сум тимски играч и сакам да помогнам. Ако играв повеќе, можев повеќе да дадам. Одлуката е таква. Ја гледам Хрватска, таму Модриќ кој е три години повозрасен од мене во главно го игра секој натпревар, неважно каква е ситуацијата. Тоа, тука сум ќе играм колку треба и колку ќе ми се каже“, заклучи Тадиќ.