370
Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри доби црвен картон за време на финалето од Купот на Италија откако беснееше крај аут линијата, казната веднаш му е изречена.
Тој доби суспензија од два меча во италијанскиот куп, тие нема да бидат со Јувентус бидејќи заминува од клубот по крајот на оваа сезона.
Алегри ќе треба да плати и парична казна од 5.000 евра.
Тренерот на Јуве полуде во финишот од мечот, го фрли сакото, ја фрли и машната, па почна да ја соблекува и кошулата. За сето тоа време викаше по судиите.