Англискиот фудбалски судија Дејвид Кут беше суспендиран поради скандалите кои го снајдоа во последниот период.
Се појавија видеа од него како зборува лошо за Ливерпул, наводно како користи дрога, а згора на сè се терети и за одреден натпревар на кој наводно намерно покажал жолт картон. Според сознанијата во Англија, тој пред натпревар на Лидс му кажал на пријател дека ќе му покаже жолт картон на Езџан Алиоски, а тој се обложил на истото.
Сега Кут реши да го прекине молкот и ги отфрли обвиненијата кон него за случаите.
„Силно ги отфрлам овие лажни и клеветнички обвиненија. Без оглед на проблемите кои ги имав во приватниот живот, никогаш не влијаеле на моите одлуки на теренот. Секогаш сум го ценел интегритетот, ги судев натпреварите непристрасно и најдобро што можев“, кратко прокоментира Кут.
Суспензијата првично пристигна поради видеата на социјалните мрежи, а потоа се најде и скандалот со Алиоски и жолтиот картон. Кут во моментов не суди и чека пресуди.