135
Данди Јунајтед оваа сезона ќе биде интересен за македонската јавност, а причината е јасна – Кристијан Трапановски и Давид Бабунски. Двајцата Македонци се стартери во мечот од Лига купот на Шкотска меѓу Данди и Стенхусемуир.
Трапановски веќе некое време е дел од тимот, одлично се снајде и се наметна во стартниот состав, а во дуелот од Купот имаше и свој блесок. Во првото полувреме тој запиша две асистенции до соиграчите.
Покрај тоа, во 65. минута Кристијан Трапановски се запиша и меѓу стрелците откако искористи невнимание на противничкиот голман.