Суперкомпјутерот со изненадувачка пресметка за освојувачот на ЕП

by Стефан
1 минути читање

Aнглија иако успеа да ја помине групната фаза на Европското првенство сепак остави впечток дека се едно од најголемите разочарувања на турнирот.

Англичаните во групата победија само Србија додека со Данска и Словенија одиграа реми, а играта која ја прикажаа не беше убедлива.ж

Но и покрај тоа суперкомпјутерот на „Опта“ ги гледа како први фаворити за освојување на првенството пред почетокот на осминафиналето.

Англичаните во осминафиналето ќе играат против Словачка каде што важат исто така за големи фаворити. Пресметката на суперкомпјутерот исто така вели дека Шпанија ќе им биде противник во финалето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани