336
Фудбалерите на Ипсвич Таун по пауза од 22 години се враќаат во англиската Премиер лига. Средбата од 46. коло на „Портман Роуд“ заврши со домашно славје над Хадерсфилд со 2-0 (1-0).
Последниот судиски свиреж значеше дека и официјално Ипсвич догодина ќе игра во елитата, а тоа предизвика вистински хаос. Огромен број навивачи веднаш втрчаа на тревникот и заедно со своите херои лудо ја прославија победата.
Ова е огромен успех за Ипсвич, особено ако се согледа фактот дека минатата сезона играше во Третата англиска лига (Лига 1).