Судијата кој продолжи осум минути на натпреварот Хрватска – Италија повеќе нема да суди на ЕП

by Стефан
1 минути читање

Холандскиот судија Дани Мекели повеќе нема да дели правда на Европското првенство, одлучи УЕФА.

УЕФА донела одлука по неговата лоша арбитража на натпреварот помеѓу Хрватска и Италија да го отстрани од списокот на судии кои ќе продолжат во нокаут фазата.

На Мекели во тој натпревар на Хрватска и Италија кој заврши 1:1 најмногу му се замерува за продолжувањето од осум минути бидејќи токму во осмата минута од судиското продолжение Италијанците постигнаа гол кој значеше елиминација за Хрватска.

Исто така Мекели судеше и на натпреварот помеѓу Германија и Унгарија кој заврши со победа на Германците од 2:0. Тогаш реакции на неговото судење имаа и Унгарците.

Холандскиот портал „АД“ објави и дека Мекели кој е полициски инспектор веќе е вратен во Ротердам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани