Фудбалската федерација на Македонија ја сподели судиската анализа за натпреварите од 30. коло во ПМФЛ. Во неа се потврдуваат жалбите од страна на Шкупи. „Чаирчани“ беа оштетени за чист погодок на дуелот против Гостивар. Течеше 86. минута од натпреварот кога судиите поништија гол за гостите поради недозволена позиција, меѓутоа погрешија.
Целосната судиска анализа за 30. коло во ПМФЛ:
На натпреварот Фк.Гостивар-Фк.Шкупи одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 86 минута.
“Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.
86 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За сигнализирано офсајд позиција на гостински играч и поништен гол, при резултат 1:0)
Играч на гостинската екипа центрираше во 16-сетникот на домашната екипа, топката ја прими играч на гостите кој во момент на додавање на топката беше во иста линија со претпоследниот играч од екипата на домакините, со тоа што ногата на домашниот играч беше за 20 см. понапред, топката се одби и играч на домакините си даде автогол. Премногу тешка ситуација за проценка за асистентот судија.
Иако помошниот судија беше во одлична позиција и во линија со претпоследниот играч од одбраната на домакините и ситуацијата беше премногу тешка за проценка, сепак одлуката беше погрешна, бидејки играчот на гостите при додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција.
На натпреварот Фк.Силекс-Фк.Работнички одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 81 минута.
“Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.
81 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Играч на гостинската екипа странично од голот центрираше топка во 16-сетникот на домакините, при центаршутот топката удри во раката (која беше во неприродна положба, одвоена од тело) на играч на домашната екипа.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволена игра со рака (неприродна положба и одвоена од тело) на домашен играч.
Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот
На натпреварот Фк.Тиквеш-Фк.Струга Трим Лум одигран на 01.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 45 и 75 минута.
“Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев.
45 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:0)
Играч на гостинската екипа даде долга топка во 16-сетникот на домакините странично од голот, на неа тргнаа голманот на домакините и играч на гостите, играчот на гостите прв стигна до топката, ја удри на страна и потоа дојде до минимален контакт со ногата на голманот, но при контактот голманот не направи никакво движење со ногата за прекршок.
Исправна проценка на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот помеѓу голманот на домакините и играчот на гостите беше минимален и притоа голманот не направи никакво недозволено движење со ногата за да се досуди пенал.
75 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:1)
Играч на гостите од корнер центрираше топка во 16-сетникот на домакините, топката одеше кон друг играч на гостите, но беше спречен да игра со топка од противнички играч поради недозволен старт (очигледно влечење за дрес со јак интензитет).
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинеката екипа, поради недозволен старт (очигледно влечење за дрес со јак интензитет) на играч на домашната екипа над противнички играч.
Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот.
На натпреварот Фк.Македонија Ѓ.П-Фк.Воска одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 18 минута.
“Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Зоран Јанкуловски и Владимир Митревски.
18 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Играч на гостинската екипа беше во посед на топка странично во 16-сетникот на домашната екипа, сакајки да помине противнички играч дојде до контакт (играчот беше статичен и не направи никакво дополнително движење со телото) и гостинскиот играч падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, дуелот беше коректен и домашниот играч не направи никакво недозволено движење со ногата (стоеше статично).
На натпреварот Фк.Шкендија-Фк.Брера А.П. одигран на 01.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 38 и 50 минута.
“Главен судија: Ивана Пројковска. Помошни судии: Бранко Путилин и Мартин Петковски.
38 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)
Играч на домакините беше во посед на топка странично (близу корнер линијата) во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот на домакините ја удри топката во ногата на противнички играч, топката потоа се одби и удри во раката (која се наоѓаше во природна положба и кратко растојание помеѓу играчите) на друг играч на гостинската екипа.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката се одби од ногата на гостиснки играч и удри во рака на свој соиграч, каде раката му беше во природна положба и близу телото.
Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот.
50 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)
Играч на домакините прими топка од соиграч во 16-сетникот на гостинската екипа,истиот играч ја удри топката и дојде до контакт (тело со тело) со противнички играч, по што домашниот играч падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки дуелот (тело со тело) беше коректен и немаше никаков недозволен старт од играчот на гостите.
На натпреварот Фк.Брегалница Штип-Фк.Вардар одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 44 минута.
“Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски.
44 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)
Играч на домашната екипа упати долга топка во 16-сетникот на гостинската екипа, негов соиграч ја прими топката, при примањето на топката минимално и без интензитет беше повлечен за дрес од противнички играч и играчот од тој контакт падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки повлекувањето за дрес на играчот на гостите над домашниот играч беше минимално, без интензитет и недволно за пенал.