Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија ја објави анализата на за натпреварите од 31. коло во ПМФЛ и 28. коло на ВМФЛ.
Само една грешка е направена на терените минатиот викенд, а таа беше во Маџари на „Борис Трајковски“. Станува збор за победоносниот гол на Вардар против Македонија Ѓорче Петров на Дејан Ѓуриќ. Пред дефанзивецот да погоди со глава, негов соиграч со рака го задржа голманот Стевковски и тоа беше прекршок кој судиите не го забележаа. Исто така се анализира и ситуација од истиот меч во која Вардар бараше пенал по игра со рака на Алији, но комисијата вели дека нема елементи за најстрога казна.
„Погрешна проценка на главниот судија за недосуден слободен удар над голманот на гостинската екипа и признат гол за домаќинот, при резултат 0-0 во 93. минута.
На одбиената топка во голманскиот простор од пет метри во шеснаесетникот на гостите, голманот сакаше да игра со рака со топката. Тогаш противнички играч на недозволен и неспортски начин (со рака направи прекршок врз раката на голманот) и го спречи да интервенира, а друг играч на екипата на домаќините со глава даде гол.
Погрешна одлука на главниот судија е што го призна голот. Требаше да биде досуден слободен удар над голманот на гостите поради недозволен старт (прекршок со рака над раката на голманот), спречувајќи го да ја фати топката“, стои во соопштението.
Покрај тоа се прегледуваа ситуации од уште два натпревари во ПМФЛ и неколку во ВМФЛ, меѓутоа судиите биле во право.
Целосната судиска анализа можете да ја погледнете ТУКА.