Струга со предност од еден гол го почнува реваншот со Пјуник!

by riste
1 минути читање

Актуелниот македонски шампион, екипата на Струга денеска со почеток од 18 часот го игра реванш мечот од второто квалификациско коло против Пјуник, нашиот тим славеше со 2-1 на првата средба.

Струга на мечот во Охрид обезбеди предност од еден гол разлика иако впечаток е дека таа можеше да биде и поголема со оглед на случувањата на натпреварот на кој гостите повеќе од половина час играа со фудбалер помалку.

Предноста не е голема, Пјуник важи за незгоден ривал иако тоа не го презентираше на „Билјанини извори“.

„Предноста од 2-1 не ни гарантира ништо, ќе мора да го дадеме најдоброто за да обезбедиме место во третото коло од Конференциската лига. Треба да влеземе смирено во мечот, да бидеме дисциплинирани бидејќи од спротивната страна имаме сериозен противник“, вели пред мечот тренерот на Струга, Ќатип Османи.

Победникот од дуелот меѓу Пјуник и Струга во следното квалификациско коло ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Диферданж и Ордабаси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани