Струга промовира големо засилување, Спировски по седум години се враќа во мак-фудбалот

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Љум се пофали со големо засилување на средината од теренот, откако потпиша со Стефан Спировски.

Се очекува Спировски да биде сериозна адиција за тимот на стружани за средниот ред. Во својата кариера тој има настапи за Пелистер, Работнички и Вардар во ПМФЛ, додека во странство играше за Борац, Берое, Ференцварош, АЕК Ларнака, МТК Будимпешта, Пјуник и Ентикос. Исто така Спировски има и 55 настапи за репрезентацијата на Македонија и еден постигнат гол.

33-годишниот фудбалер за врска се враќа во македонскиот фудбал по пауза од седум години, кога замина од Вардар во Фенерцварош за 500.000 евра. Струга креира тим за настапот во квалификациите за Лигата на шампионите, а се подготвува и за одбрана на трофејот во ПМФЛ. Пред Спировски шампионот се засили со Кире Ристевски, Стефан Јевтовски, Арби Воша, Дујмовиќ и Такахара.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани