Струга излезе со реакција по повод инцидент кој се случи на северната трибина за време на натпреварот против Вардар.
Стружани реагираат на немилиот настан кој се случи во текот на второто полувреме.
„Нема место за насилство во фудбалот.
Денеска бевме сведоци на обид за напад на челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничкиот клуб. Најостро го осудуваме обидот за насилство врз челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничката екипа на денешниот натпревар. Ваквите постапки се целосно неприфатливи и немаат место во фудбалот или во кој било аспект од животот.
Нашиот клуб е посветен на вредностите на почит и спортски дух и ги повикуваме надлежните органи да преземат итна акција за решвање на овој сериозен инцидент.
Го повикуваме раководството на екипата на Вардар да го осуди однесувањето на претставниците на клубот“, стои во соопштението на Струга.