100
Страшна сцена доаѓа од четвртата лига во Белгија, поточно од натпреварот на КСЦТ Менен и Зилебеке.
Фабио Шиафино кој го прослави својот 26 роденден постигна два гола во победата на неговиот тим (4-0). Сепак, денот ќе го памети по многу лоши сеќаавања.
Имено на еден прекин навивачи на тревникот фрлија петарда. Шиафино сакаше да ја изнесе од теренот, ја зеде во рака и истрча подалеку од толпата. Сепак, петардата му експлодира во рака и тој остана без прст.
Веднаш беше пренесен во болница, а докторите мораа да му ампутираат делови од уште два прсти по експлозијата. Самиот Шиафино даде и кратка изјава во која кажа: „Кога се расчисти димот, само видов дека ми недостигаат делови од прстите“.