56
Реал Мадрид денеска ја победи Осасуна со 4:0 во натпревар во кој Винисиус Жуниор постигна хет-трик, но во таборот на гигантот од Мадрид и немаат многу причини за славје бидејќи на подолг период останаа без дефанзивецот Едер Милитао.
Уште при падот на Милитао по неговиот вресок можеше да се препостави дека станува збор за тешка повреда.
Прегледите по натпреварот ги потврдија стравувањата, Милитао повторно се здоби со истата повреда и одново ги скина лигаментите.
Тоа значи дека дефинитивно за него сезоната е завршена. Но, по повторување на една ваква повреда прашање е и колку тој ќе биде спремен по враќањето на терените.
Во Реал Мадрид сезонава ова е втора ваква повреда претходно сезоната заврши за Дани Карвахал.