Стопер на Милан го распрашувал Тонали за животот во Њукасл, се подготвува за трансфер?

by 24 фудбал
1 минути читање

Во последните денови се актуелизира приказната околу потенцијалниот трансфер на Малик Чао од редовите на Милан во Њукасл Јунајтед.

Тимот од Англија испрати понуда од 35 милиони евра, меѓутоа истата беше одбиена од страна на „росонерите“. Се споменува дека Милан би прифатил повисока понуда, нешто повеќе од 40 милиони евра, плус одредени бонуси.

Интересна информација открија Италијанците, а поврзана со пријателскиот однос на Чао со Сандро Тонали. Имено, стоперот на Милан го распрашувал поранешниот соиграч кој сега е дел од Њукасл за животот во овој град, какви се условите за тренинг, времето, Еди Хау како тренер…

Тоа може да се карактеризира како најава за трансфер во Англија на Малик Чао.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани