Стефан Ристовски одлично ја започна сезоната, а вечерва – се повреди!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Динамо Загреб во овие моменти го игра натпреварот против Карабах во плеј-офот за место во Лигата на шампионите, а во него се повреди македонскиот фудбале Стефан Ристовски.

Ристовски мораше да го напушти теренот по само 20 минути игра, а на негово место во игра влезе Огивара.

Засега нема информации од каков карактер е повредата на Ристовски, но евентуално негово отсуство би дошло во моменти кога игра во одлична форма. Ристовски сезонава веќе постигна два гола во првенството на Хрватска, па така повредата би била удар и за тимот на Динамо.

Повеќе детали околу неговата состојба би можеле да очекуваме утре по деталните прегледи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани